Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Возачот кој со автомобил удри во толпа во Берлин уби една наставничка и повреди 14 ученици

Групата била на училишна екскурзија во Берлин од покраината Хесен. Другиот учител е сериозно повреден.

Полицијата соопшти дека возачот, 29-годишен маж, е уапсен на местото на настанот.

Министерката за внатрешни работи на Берлин, Ајрис Спренгер, рече дека доказите сугерираат дека возачот е „лице со ментално заболување“.

Возачот кој се заби во излог на продавница е 29-годишник кој има двојно германско и ерменско државјанство и живее во Берлин. Случајни минувачи го задржале и го предале на властите.

Не е јасно дали се работи за несреќен случај или намерно дело, а сето тоа се случило на улица во близина на црквата на царот Вилхелм, оштетена во Втората светска војна, која е една од најпознатите знаменитости на германската престолнина, соопшти полицијата.

Жената која загина е идентификувана како наставничка која била на патување со одделение тинејџери од централната покраина Хесен. Берлинската полиција соопшти дека таа починала на лице место.

Официјални лица ги негираа наводите на германскиот весник Билд дека возачот оставил писмо со признание во возилото. Инспекторите таму пронашле постери за Турција, која има проблематични односи со Ерменија. „Досега ништо не разјаснивме“, изјави градоначалничката на Берлин, Франциска Гифи за новинарите од местото на настанот.

„Рано е за шпекулации“ за тоа што го предизвикало инцидентот, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на редовната прес-конференција во Берлин. Инспекторите се обидуваат да откријат дали се работи за намерен напад или несреќен случај со медицинска причина, изјави претходно портпаролот на полицијата, додавајќи дека на возачот по судирот му била укажана некој вид медицинска помош.

Инцидентот ги оживеа спомените од 2016 година, кога Анис Амри, Тунижанец со исламистички врски во истата област во Берлин одзеде камион, уби возач и влета во толпата на божиќниот саем убивајќи уште 11 лица. Амри потоа побегна во Италија, каде што беше убиен од полицијата.