Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

За брзо возење казнети 452 возачи

Во текот на вчерашниот ден (03.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 452 возачи.

Од нив 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 203 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 249 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.