Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

За Кина највисок приоритет во Украина е забрзувањето на мировните преговори

Кина ги поддржува сите напори што водат кон мирно решавање на „кризата“ во Украина, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Генералното собрание на Обединетите нации во саботата, додавајќи дека забрзувањето на мировните преговори е главен приоритет.

„Основното решение е да се одговори на легитимните безбедносни грижи на двете страни и да се изгради избалансирана, ефективна и одржлива безбедносна архитектура“, рече Ванг во своето обраќање.

„Ги повикуваме сите инволвирани страни да поведат сметка кризата да не се прелее и да ги заштитат легитимните права и интереси на земјите во развој.“

Кина, стратегиски партнер на Русија, е цврста во својата неутралност: ги критикува западните санкции против Русија, но не дава поддршка или помош во воената кампања.

Случајот Тајван

Ванг, исто така, рече дека Пекинг ќе продолжи да работи на „мирно обединување“ со Тајван и дека треба да се бори против „сепаратистичките активности за независност“, истовремено преземајќи силни чекори да се спротивстави на какво било надворешно мешање.

„Само со одлучно спречување на сепаратистичките активности можеме да изградиме вистинска основа за мирно обединување. Само кога Кина ќе стане целосно обединета, може да има траен мир во Тајванскиот теснец“, рече тој.

Тензиите околу Тајван се зголемија по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, во август, проследена со масовни кинески воени вежби и ветување од американскиот претседател Џо Бајден дека ќе го брани демократскиот остров.

Тајванската влада силно се спротивставува на барањата на Кина и вели дека само нејзините 23 милиони жители можат да одлучат за иднината на островот.