Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

За три дена 96 нови случаи на ковид-19, запишани уште 4 смртни случаи

Направени се 962 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-104, ЦЈЗ Битола-19, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–46, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-23, Биотек-38, Систина-14, лабораторија Лаор-8, Синлаб-2, Ремедика-5, Плодност-0, Генеа-3, Никоб Лаб-48, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 441.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.641 тестирање на ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 342.615, бројот на оздравени пациенти е 332.710, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје се активни 230 случаи на болеста, во Куманово 15, Битола 21, Прилеп 19, Кавадарци 15, Велес 19, Охрид 10 случаи, а во останатите градови има под 10 активни случаи или некаде воопшто официјално нема болни од ковид-19.

Во последните три дена регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Куманово и Прилеп – по 21, Битола - 19, Охрид и Штип – по 12, Ресен и Делчево – по 10, Струмица – 8, Велес и Кавадарци – по 6, Гевгелија, Радовиш и Крушево – по 5, Демир Хисар – 4, Тетово – 3, Кичево, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.