logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

Заев: СДСМ ќе го поддржи разрешувањето на Јанева, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење

-Толку е нелогично тоа дека во „Рекет“ некој бил вмешан од блиските луѓе на Заев и затоа не се разрешува Катица Јанева, едно со друго нема „блага врска“. За Собранието да не ги кочи постапките на барање на Советот на обвинители, тоа ќе постапи. Нашето укажување и писмено го дадовме, дека ќе дадеме поддршка во Парламентот, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, истакна Заев.

Според него, мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а Собранието не смее да биде причина и пречка на постапката.

Заев повтори дека тој го пријави случајот „Рекет“, а Обвинителството е целосно ослободено и постапката се води максимално транспарентно. – Сакам постапката да заврши час поскоро. Граѓаните сакаат да ги знаат одговорите. Постојат закони во државата и треба да се постапува по нив. Јас сум задоволен зашто веќе нема влијание врз правосудтсвото, потенцира премиерот. 

All rights and copyright belongs to author:
Themes
ICO