Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Заморот и горештините се голема опасност кога патувате - неколку совети од РСБСП

• почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот,

• возете со пропишаната брзина и не престигнувајте непрописно други учесници во сообраќајот,

• правете почести паузи,

• за време на паузите излезете од возилото, раздвижете се, напијте се кафе, вода или безалкохолни пијалоци,

• ако се чувствувате уморни застанете и ако имате потреба од поголем одмор без разлика кое време од денот е - отспијте одреден временски период за да можете потоа безбедно да го продолжите патувањето,

• бидете информирани за временската прогноза,

• бидете особено внимателни кога температурите се над 30о С,

• погрижете се разликата во температурите во моторното возило и во надворешни услови да не биде поголема од 7 степени за да нема несакани последици по здравјето при излегувањето од моторното возило,

• доколку ви сметаат сончевите зраци кои често ги изморуваат очите, користете очила за сонце,

• бидете особено внимателни доколку возите за време на викенд кога е зголемена густината на сообраќајот, како и кога возите ноќе кога е намалена видливоста на патиштата,

• препорачуваме мобилниот телефон да се користи за време на паузите, а не додека го управувате моторното возило,

• користете сигурносен појас,

• ако патувате на подолги релации и преминувате граничните премини, без оглед на тоа колку време сте чекале, не ја зголемувајте брзината над препорачаната, возете одморени и прават соодветни паузи со це да стигнете безбедно на посакуваната дестинација.