Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Здравковски: Пред месец дена гласаа за бугаризација, за денес да кажат дека се наследници на борците од НОБ- на овој ден требаше во најмала рака да се скриете и да молчите, а не да се брукате

Пред месец дена гласаа за бугаризација преку француски предлог, се согласуваат на чл.8 и чл.12 од договорот со Бугарија каде јасно пишува дека ќе ти прават ревизија на историјата, учебниците и културата, за денес да кажат дека се наследници на борците од НОБ… По логика на нештата ако си наследник на борците од НОБ, за денес да дозволиш да им ги бришат спомениците и да ги негираат делата, да дозволиш да ти отвараат клубови со имиња на убијците на твоите претци, значи дека си еден обичен ИЗРОД од лозата на тие твои претци и ништо повеќе, вели Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Партизаните кои се бореле против бугарскиот фашистички окупатор се бореле како дел од континуираната борба на македонскиот народ за независна Македонија, а нивните одреди ги носеле имињата на познатите борци членови на ВМРО кои им биле светол пример како се сака и брани татковината.
Овој ден, денот на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Македонија, и ден кој “случајно” се совпаѓа со отварањето на бугарофилското здружение во Охрид, наместо да го користите за тресење глупости, требаше во најмала рака да се скриете и да молчите, а не да се брукате…, пишува тој на Фејсбук.