Астрофизичарот Неил де Грејс Тајсон гостувал во емисијата на Стивен Колберт каде го воодушевил домаќинот со непознати детали за вонземјанинот Е.Т.
-Инаку, дали сте знаеле дека Е.Т. е свесна билка, а не животно?, прашал Неил.
Колберт повторно го прашал дали навистина е тоа така.
-Да, му дадоа срце само за да можете вие да се поистоветите со него. Но, тоа е билка. Се сеќаваш ли кога во филмот Е.Т. ќе ги допреше растенијата и тие повторно растеа? Епа тоа не е случајност, рекол Неил кој додал дека лично режисерот Стивен Спилберг во неговата канцеларија му го кажал тоа.