Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Астрофизичар откри долго чувана тајна за вонземјанинот Е.Т., му ја открил Спилберг

Астрофизичарот Неил де Грејс Тајсон гостувал во емисијата на Стивен Колберт каде го воодушевил домаќинот со непознати детали за вонземјанинот Е.Т.

-Инаку, дали сте знаеле дека Е.Т. е свесна билка, а не животно?, прашал Неил.

Колберт повторно го прашал дали навистина е тоа така.

-Да, му дадоа срце само за да можете вие да се поистоветите со него. Но, тоа е билка. Се сеќаваш ли кога во филмот Е.Т. ќе ги допреше растенијата и тие повторно растеа? Епа тоа не е случајност, рекол Неил кој додал дека лично режисерот Стивен Спилберг во неговата канцеларија му го кажал тоа.