Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Псоријазата кај децата не е ретка појава – обрнете внимание на симптомите

Псоријазата е хронична болест чии симптоми може да се појават насекаде по телото. Најчестите промени се јавуваат на скалпот, колената, лактите и трупот.

Иако многумина мислат дека псоријазата е болест на возрасните, не е невообичаено да се појави во детството, пишува „Кидс хелт“.

Иако симптомите на оваа болест се разликуваат од дете до дете, најчести се лушпите и црвените дамки на кожата, кои обично се придружени со силно чешање. Покрај гореспоменатите промени на кожата, псоријазата се појавува и на ноктите на детето, предупредуваат дерматолозите.

Најчести се промените на плочката на ноктите во вид на мали вдлабнати точки, бели бои на ноктот или негово распаѓање.

Ако се работи за псоријаза, зафатени се сите нокти, па затоа е прилично лесно да се забележи веднаш штом ќе се појави.

Како што нагласуваат експертите, иако се уште не постои вистински лек за псоријаза, постојат одредени третмани и препарати кои ги ублажуваат непријатните симптоми и барем делумно им го олеснуваат секојдневието на заболените.