Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Новото видео обраќање на Александар Вучиќ повторно ја разбранува јавноста

Во видеообраќањето до јавноста српскиот претседател додаде оти Србија нема да се смири додека не ја дознае вистината за она што се случи во Бањска каде што загинаа еден косовски полицаец и најмалку тројца Срби. Додаде дека Србија ќе победи и покрај, како што рече, обидите за нејзино уништување.

Спскиот претседател Александар Вучиќ денеска во видеобраќање на својот профил на Инстаграм изјави дека во рок од 24 часа на јавноста ќе ѝ бидат презентирани докази и изјави од очевидци кои биле на местото на вооружениот инцидент во селото Бањска во Косово минатиот викенд.

Вучиќ во видеото додава дека Србија нема да се смири додека не ја дознае вистината за она што се случи во Бањска каде што загинаа еден косовски полицаец и најмалку тројца Срби.

Изминатите седум дена, пред колку што и беше извршен нападот на северот на Косово, како што оцени српскиот претседател, се најтешки во последните 15 години.

„Најтешки се поради настаните на Косово и кампањата против нашата Србија, кампањата на лаги и невистини. Како што вели нашиот народ, не снегот не паѓа за да ја покрие планината, туку за секое животно да си ги покаже трагите. Можевме да видиме дека имаме пријатели кои не се многубројни, но се храбри“, изјави Вучиќ.

Додаде дека Србија ќе победи и покрај, како што рече, обидите за нејзино уништување.

Еден ден претходно, српскиот претседател во изјава за британскиот весник „Фајненшл тајмс“ изјави дека нема намера да ѝ нареди на српската армија, која е распоредена во близината на косовската граница, да премине во Косово и додаде дека ќе ги повлече српските сили од оваа област.

Неговата изјава уследи по загрижувачките повици на Европската Унија и САД кои од Белград побараа повлекување на трупите од граничната линија со Косово со цел намалување на тензиите.