Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Четири натпревари суспензија за Декози, Работнички два, МЗТ Скопје еден натпревар дома без публика

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Северна Македонија донесе одлука да го суспендира играчот на Работнички Квентон Декози поради удар на Дамјан Стојановски капитенот на МЗТ Скопје Аеродром.

Инцидентот се случи на дербито одиграно викендот во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Декози ќе треба да плати и парична казна од 25.000 денари.

Клубот домаќин на дербито Работнички следните два меча на домашен терен ќе ги игра без публика, а ќе плати и парична казна од 69.000 денари поради инцидентите предизвикани од неговите навивачи.

МЗТ Скопје еден меч на свој терен ќе биде без публика, а поради фрлени пиротехнички средства од нивните навивачи и ќе треба да плати казна во висина од 28.000 денари.