Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Работнички ја доби Куп драмата со Шкендија

Фудбалските Работнички и Шкендија го одиграа најинтересниот натпревар од денешните осминафинални пресметки во Македонскиот фудбалски куп (3:2), а тетовци го завршија настапот заедно со Струга ТЛ, која пак доживеа елиминација на пенали.

„Романтичарите“ први поведоа, па дозволиja пресврт од страна на Шкендија, за на крајот со нов пресврт, Работнички да стигне до 3:2 и голема победа во оваа рунда. Стојановски, Гандо и Мазари беа стрелци на погодоците за победникот, додека Елези и Цаке погодија за гостите од Тетово.

АП Брера и Воска Спорт славеа на пенали во дуелите со Гостивар, односно Струга ТЛ и си обезбедија место во четвртфиналето, а Силекс обезбеди следна рунда со триумфот над Башкими со 3:2.

Вардар загуби од Македонија Ѓ.П во скопската пресметка (0:1), а со истиот резултат Тиквеш славеше над Пелистер (1:0).

Најубедлив беше тимот на Брегалница, екипа која славеше со 11:0 во дуелот со Јанг Тим, додека Шкупи оствари рутинска победа над Охрид со резултат 4:0.