Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Агелер во посета на Врховниот суд: Судството не смее да биде под притисок на политиката

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, на која присуствуваа и судиите на Врховниот суд, се говореше за повеќе прашања кои се однесуваат на независноста и самостојноста на судството.

Беше истакнато дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите претставува клучен фактор за остварување на принципите на независното судство.

Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки, кои мора да се засновани на законите. Потребно е да се почитува уставното начело на поделба на власта, а судиите да бидат ослободени од какви било влијанија.

Суштинска улога за независноста на судството има и транспарентноста како еден од најважните фактори за јавната перцепција и доверба. Од големо значење е и доследната примена на европските стандарди и почитувањето на правните вредности.

Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер, истакна дека потребно е да се даде силна поддршка на ваквите заложби за независно и транспарентно судство и дека активностите на Врховниот суд во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес.