Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ФОТО) 30.000 денари награда за 76-годишниот Минче кој беше нападнат од мечка

За преживеаниот страв и храброста, 76-годишниот Минче Рамчески од Пласница доби парична награда од 30.000 денари од страна на Општината. Веста ја соопшти градоначалникот Алија Јаоски на социјалната мрежа Фејсбук. 

„Денес општината одлучи на нашиот сограѓанин Минче Рамчески кој се најде во необична и застрашувачка ситуација да му додели финансиска помош од 30.000 денари за претрпен страв и неговата храброст.

Тој ги искористи своите вештини и храброст и се одбрани од напад на мечка.

Со ова, ги повикувам сите наши сограѓани и нашата дијаспора да се приклучат во овој хуманитарен напор и да донираат за поддршка на нашиот граѓанин Минче Рамчески во неговата борба да го надмине овој тежок период. Ниту еден придонес не е мал, и секоја помош ќе има значаен удел во неговото физичко и емоционално опоравување“, се вели во објавата на градоначалникот на „Фејсбук“.