Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Пукањето во “Ист гејт”во полиција пријавено околу половина час пред да се појави во медиумите

Пукањето во  трговскиот центар “Ист гејт” кое се случи вчера во полиција било пријавено околу половина час пред да се појави во медиумите.

-Околу 15 часот од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. Утврдено е дека машко лице со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ “Св.Наум Охридски“, се наведува во полицискиот билтен.

36 годишниот Раде Трајковски Штекли, врз кој вчера беше пукано во Ист гејт, е контактибилен и со стабилни параметри по хируршката интервенција на левиот граден кош.

Штекли и неговиот придружник беа повредени вчера попладне во „Ист гејт“ во период кога трговскиот е полн со посетители.

МВР објави фотографија од напаѓачот и побара помош од граѓаните за негово пронаоѓање и идентификување. На случајот сè уште се работи. Луѓе во паника го напуштаа трговскиот кој се полнеше со полиција, но до вечерта продолжи со работа.