Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Хамнеи: „САД управуваат со израелските напади врз Појасот Газа“

Од: А1он

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги обвини Соединетите Држави дека управуваат со нападите на Израел врз Појасот Газа.

„САД го насочуваат злосторството што се врши во Газа. Америка дефинитивно е соучесник на криминалците“, рече Хамнеи.

Тој истакна дека рацете на Американците се „извалкани со крвта на угнетените, децата, пациентите, жените и другите“, пренесува Тајмс оф Израел.

„Нека знаат сите дека по ова прашање и по идните прашања, палестинската нација е победник, а идниот свет е светот на Палестина, а не светот на ционистичкиот режим“, рече Хамнеи.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и почетокот на конфликтот, САД распоредија два носачи на авиони и нивните бродови за поддршка во источниот Медитеран.