Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Израел ја стави Газа под целосна опсада – нема да има струја, гориво и храна

Израелскиот министер за одбрана нареди „целосна опсада“ на Газа, велејќи дека властите ќе ја прекинат електричната енергија и ќе го блокираат влезот на храна и гориво.

Министерот за одбрана Јоав Галант изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, додека Израел се бори против терористичката група Хамас.

„Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема да има струја, храна, гориво, сè е затворено“, рече министерот Јоав Галант.

Повеќе од два дена откако Хамас го започна напад од Газа, војската соопшти дека армијата повикала околу 300.000 резервисти – масовна мобилизација – и дека Израел ќе има за цел да стави крај на владеењето на Хамас во Газа.

Продолжуваат борбите по нападот на Хамас врз Израелповеќе од 1.000 загинати, 500 палестинци убиени во Газа

Повеќе од илјада луѓе досега се убиени во борбите меѓу Хамас и Израел. приближно 700 израелци се убиени, а повеќе од 2.100 се ранети.

Во израелските контра-напади врз газа загинаа 500 палестинци, а речиси 3.000 се повредени, соопшти тамошното министерство за здравство.

Бројките на жртви постојано растат, нападите не стивнуваат. пентагон испрати моќен носач кон израел, најскапиот воен брод некогаш изграден, а според белата куќа на пат за Израел е дополнителна помош за израелските одбранбени сили.

Пронајдени 250 тела по нападот на хамас на музичкиот фестивалкиднапирани жени и деца

Повеќе од 250 тела се пронајдени досега на местото на музичкиот фестивал во јужен Израел, каде учесниците беа нападнати од палестинската милитантна група Хамас. Тие упаднале на музичкиот фестивал во саботата и отвориле оган како дел од големиот напад врз Израел.

Фестивалот „Супернова“ се одржуваше во пустината Негев, недалеку од појасот Газа, на фестивалот имало околу 3.000 луѓе. Медиумите јавуваат дека девојки се киднапирани од фестивалот и однесени во Газа.

Хамас тврди дека држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво во Газа меѓу кои и високи официри на Израел.

Меѓу затворениците кои борците на Хамас ги одведоа во Газа има жени, деца и постари лица.