Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Бабовски: Трипуновски повторно ја заплашува јавноста, двете пратки пробиотски јогурт се вратени во Србија

Собирање ситни политички поени и злоупотреба на чувствата на народот, се прес-конференциите кои изминатите два дена ги држи претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО ДПМНЕ Цветан Трипуновски, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски.

Бабовски ги отфрли и последните тврдења на Трипуновски, дека протеински јогурт со зголемено присуство на афлатоксин од Србија е пласиран на македонскиот пазар. Како што објасни Бабовски, се работи за две пратки пробиотски јогурт кои се веќе вратени во Србија.

Трипуновски воопшто не ги познава процедурите, ниту ја познава проблематиката, истакна Бабовски. Воедно нагласи дека денешната негова изјава не е одговор на манипулациите на Трипуновски, туку е објаснување за граѓаните, за тие да бидат сигурни дека она што е на рафтовите во маркетите и продавниците е безбедно и контролирано од институциите.

-Со изнесување т.н. факти, презентирајќи лабораториски наоди за небезбедно млеко со афлатоксин, кои во ниту еден момент не ги демантираме како институција, тој, непознавајќи ги процедурите за работа и законските прописи, несвесно, не само што ги доведува во заблуда потрошувачите, туку кај нив шири страв за безбедноста на храната која ја консумираат и за нивното здравје. Досега Трипуновски требаше да научи дека пред да се пуштат во промет, уште на граничните премини и на местото на истовар, особено млеко и млечни производи кои се увезуваат од соседна Србија и од БиХ, поради утврдениот ризик од афлатоксин во овие производи, АХВ врши задолжително лабораториско тестирање на секоја пратка која останува под надзор се додека за неа не се добие задоволителен резултат за да се најде во промет. Оттаму, лаички е да се тврди дека проивзодите кај кои е детектирано присуство на афлатоксин над максимално дозволените граници се пуштени во промет, истакна Бабовски.

Во врска со вчерашните наводи на Трипуновски за наводниот протеински јогурт со афлатоксин, Бабовски тврди дека е манипулација.

-Одговорно тврдам дека станува збор за чиста манипулација од негова страна. Се работи за две пратки пробиотски јогурт, секоја од по 7 053 килограми, односно вкупно 14106 килограми од овој производ со зголемено ниво на афлатоксин, кои во текот на вчерашниот ден се вратени во Србија со согласност на извозникот и на надлежниот орган на Република Србија. Ни случајно овие производи, како што твди Трипуновски, не се нашле во промет, туку биле под официјален надзор се до враќањето. За „канцерогениот“ јогурт со афлатоксин, го повикуваме, бидејќи располага со лабораториските резултати кои имаат и сериски број и лот за секоја земена мостра, а и не и верува на АХВ, слободно да го побара во маркетите. Во однос на вчерашното тврдење дека нефункционира националниот систем за брзо известување, досега требаше да му биде јасно дека овој систем алармира само тогаш кога небезбеден производ е ставен во промет, потенцира Бабовски.

АХВ, дополни, ниту криела информации, ниту во иднина ќе прави нешто такво, туку напротив, како и досега, ќе ги информиура потрошувачите за секое повлекување од прометот на која било категорија небезбедна храна.

-Ова, покрај во медиумите, редовно се објавува и на наштата интернет страница на банер кој е лесно достапен и видлив за секој граѓанин. Во однос на стравувањето на Трипуновски дека небезбедно млеко со афлатоксини од домашна млекарница се нашло на рафтовите во маркетите, одговорно ја информирам јавноста дека станува збор за небулозно тврдење. Утврден е афлатоксин во сурово млеко откупено од домашни производители на сурово млеко – фармерите, во рамки на Мониторинг програмата која ја спроведува АХВ и со задолжителните тестирања. Утврденото присуство на афлатоксин е со т.н. брз тест, по кој е направен и конфирматорен тест од страна на Факултетот за ветеринарна медицина кој беше негативен на афлатоксин. Суровото млеко ни во еден случај, како што твди тој, не се најде на рафтовите, туку заврши за преработка по задоволителен конфирматорен тест, информира диртекторот.

Тој објасни дека мониторинг на сурово млеко за афлатоксин секоја млекарница спроведува на секоја количина сурово млеко откупено од секој производител, а инспекторите на АХВ земаат мостри од збирното откупено млеко од секоја млекарница еднаш месечно поради верификација на оваа активност од страна на млекарите.

-Суровото млеко се испитува на Факултетот за ветеринарна медицина, со брза метода, а во случај на позитивен наод се врши конфирматорен тест. Во овој случај конфирматорниот тест утврдил негативен наод на афлатоксин, суровото млеко може да се употреби од млекарницата за преработка. Инаку, моето службено отсуство, како што вели Трипуновски на државен трошок, на 21. состанок на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекуграничните болести на животните (GF-TADs) во Брисел и на Постојаната експертска група за африканска чума кај свињите во Европа на кој беше посветен и овој состанок, е уште една потврда дека АХВ е препознаена како високопрофесионална и стручна институција, и во европски и во светски рамки. Доволна потврда за ова е дека токму АХВ ќе биде домаќин на 22. состанок на ова реномирано тело на ОИЕ и ЕФСА, каде членуваме и ние како институција и држава, задно со членки на Европската унија, државите од Западен Балкан, Молдавија, Белорусија и Русија, подвлече Бабовски.