Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СЕ ПРОДАВА „ЅВЕРОТ“ КОЈ ГО ВОЗЕШЕ ЛИЧНО ТАА – кога ќе видите чиј автомобил може да биде ваш нема да ви биде добро, одвојте пари веднаш! (ВИДЕО)

Се продава „Land Rover“ со единствена историја – го возела англиската кралица Елизабета Втора.

Станува збор за модел кој компанијата „Special Vehicle Operations“ го дизајнираше специјално за кралицата, а иако е од 2004 година, има модификации кои не би ги очекувале кај стандардните возила на „Land Rover“.

Така, секоја задна врата има два прекинувачи за прозорци, така што патникот може да ги контролира без да се поместува. Исто така, има рачки кои го олеснуваат влегувањето и излегувањето на патниците од автомобилот.

Автомобилот е обоен во „Epsom“ зелена боја, а внатрешноста е во нијанса „Sand Hide“, додека седиштата се заштитени со тапацир, а багажникот е модифициран за кучиња, па од предниот дел е одвоен со кафез.

Автомобилот првпат е регистриран во 2004 година во Велика Британија, редовно се сервисирал, а последен пат во јули.

Има поминато околу 180.000 километри, а го придвижува 4,4-литарски мотор кој е доволен за моќност од 282 КС.

Автомобилот ќе се продава на аукција од 11 ноември.