Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Тен Хаг: Онана покажа карактер, знае дека досега не беше на своето ниво и можеше да игра подобро

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг го пофали настапот на голманот Андре Онана на вчерашниот натпревар со Копенхаген.

Манчестер Јунајтед го доби натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со резултат 1:0, а Онана одбрани пенал во 97. минута.

– Онана покажа карактер. Андре знае дека досега не беше на неговото ниво и можеше подобро. И оди кон тоа. Имаше многу добар натпревар во саботата, а и вчера. Не заборавајте на брилијантната одбрана во второто полувреме. Одлично брани пенали, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед по три кола е на 3.место во А-групата од Лигата на шампиони. Пред него се Баерн Минхен со 9 и Галатасарај со 4 бода. Копенхаген е последен со само 1 бод.