Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВИДЕО: Александра Пријовиќ на концерт во моден избор од над 5.000 евра

Александра Пријовиќ уште еднаш докажа дека е најдобра концертна изведувачка на Балканот и пошироко, но и кралица на изненадувањата, пишуваат српските медиуми. На вториот концерт во Штарк Арена во рамки на нејзината регионална турнеја „Од исток до запад“, популарната пејачка ја воодушеви публиката со нови гости и емотивни моменти кои долго ќе се паметат.

На втората концертна вечер, Пријовиќ се појави на бината во елегантна црна креација, кој ја истакна нејзината витка фигура и сексапил.

Но, сепак, незаборавен останува и нејзиниот целосно бел моден изглед кој го покажа во текот на првиот концерт.

Станува збор за бело сако и панталони од луксузната модна марка Александар Меквин. За модниот избор пејачката платила над 5.000 евра.

Само белото сако со впечатлив вметнат брош чини 3.500 евра, а панталоните од истата марка се 650 евра.

Чевлите кои ги носеше се од Џузепе Ѕаноти, луксузен италијански дизајнер на чевли, и чинат 760 евра.