Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА АНА БЕКУТА – пејачката со посвета кон својата внука која денес ги направи горди сите, таа е вистинска бомба (ФОТО)

Во семејството на пејачката Ана Бекута денеска се слави. Имено нејзината внука Соња Полиќ го прославува својот 23 роденден, а пејачката јавно и го честиташе.

Ана се огласи на својот Инстаграм профил и објави заедничка фотографија со својата внука упатувајќи и емотивна порака.

-Смислата на мојот живот се роди пред 23 години. Таа есен беше натпросечно топла, тој октомври беше втора пролет во една година. Баш онаква каква е мојата Соња, топла над секој просек, пролет среде есен и прегратка која ме грее веќе 23 зими. Среќен роденден злато мое, моја пролет среде секоја есен и зима. Те сака твојата бабушка повеќе од својот живот, напиша Ана.

Инаку Соња е вистинска убавица, а со својот брат со години наназад се најголема поддршка на нивната баба откако почина нејзиниот партнер.