Алесандра Амбросио (38), поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“, остави малку на имагинацијата кога се облече за карневалската прослава во Рио.

Нејзиниот изглед привлече големо внимание на овој настан, но исто така и на Инстаграм, каде што фотографијата што ја објави направи вистински хаос.

Имено, за оваа пригода, таа избра костум со парчиња дијамантски ленти, многу оскудно како во пределот на градниот кош, така и во пределот на нозете, покажувајќи дека таа сè уште успева да ја задржи завидната фигура на супермодел.

„Ова е карневал“ – напишала кусо таа на овој пост, кој за еден ден и донесе речиси 280.000 лајкови и дури 1.300 коментари.
Подоцна, сепак, таа одлучи да ги покрие градите со црна лента, која ја носеше под овој фустан, а потоа следуваше уште пожешка и попровокативна комбинација на облека.

Амбросио со ова докажа дека дури и без „Викторија Сикрет“, каде беше речиси две децении, а ја напушти во 2017 година, таа може да направи вистински хаос.