Macedonia

Анализа: Дали Заев и Мицкоски ќе се договорат да ништо не се договорат? | Фактор

Изминатиот период е одбележан со мачна атмосфера на политичката сцена со блокирано Собрание и немање согласност околу итните приоритети како за справување со пандемијата, така и со отворените прашања.

Денес во 13 часот по подолго време ќе се одржи лидерска средба помеѓу Заев и Мицкоски. Враќањето на овој злоогласен формат на решавање на проблемите уште од старт раѓа сомнежи дека ќе биде вовед во уште потешка политичка криза.

Премиерот и лидерот на опозицијата се длабоко закопани во своите ровови и практично сите наталожени и тешки проблеми се сведени на секојдневни дневни партиски препукувања и несогласувања.

Собранието речиси и да не работи освен итното изгласување на дел од законите за поддршка на граѓаните и стопанството преку петтиот пакет на мерки, додека пак нема согласност за одржувањето на пописот, изборниот законик, справувањето со пандемијата и евроинтеграциите. Може ли преку лидерска средба Заев и Мицкоски да ги стават настрана партиските интереси и да постигнат консензус кој ќе значи излез од нова политичка криза и целосна блокада на државата?

"Не верувам дека било кој би се откажал од своите позиции, затоа што играта е доведена до ситуација да било каков компромис би бил протолкуван како пораз за кој било од двајцата лидери. Освен ако не станува збор за операција под притисок на странците сите да влезат во влада. Доколку тоа се случи, дури тогаш ќе има зацврстување на културата на неказнивост. Така не учи искуството – секој повик за помирување во минатите години испадна дека е повик за делење неказнивост" смета аналитичарот Љупчо Петковски.


Секогаш форматот на лидерски средби е критикуван бидејќи решенијата се бараат вон институциите на системот, што покажува дека на долг рок се неодржливи и само дополнително генерираат идни кризи. Дали и овој пат ни се заканува такво сценарио?

Петковски смета дека тоа е за жал нашата политичка култура и затоа сценариото е неизбежно.

Во вакви услови, поучени и од минатото може да се очекува и повторно вмешување  на меѓународната заедница во откочување на процесите како што е пописот, изборниот законик и решавање на билатералниот спор со Бугарија кој се испречи на отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ.

Според Петковски овој пат е можно посредување на меѓународниот фактор, но со многу помал интензитет затоа што приоритетите се такви што малите локални проблеми на Македонија едноставно не се во фокусот. Втората работа е што кредибилитетот на странците никогаш не бил понизок, пред се поради вакциналниот национализам како и поради бугарската блокада на пристапните преговори, која целосно го поткопа кредибилитетот на ЕУ.

Повеќе решенија се вртат во партиските кулоари меѓу кои експертска влада, влада на национален спас, односно како да се бара некое привремено решение пред да се оди на брзи парламентарни избори наесен кои би се одржале заедно со локалните.

Колку овие политички маневри влијаат врз справувањето со здравствената криза со КОВИД-19 пандемијата и избегнувањето на одговорност?

"Влијаат. Имавме веќе едни избори среде криза кои покажаа дека немаме капацитет да се справуваме добро со предизвиците. Поради тие избори, на пример, каснеше учебната година. Она што сигурно го знаеме е дека ќе има локални избори на есен и дека и двете најголеми партии ќе имаат проблем да мобилизираат гласачи. Во услови на растење на Левица, која ќе им ги помати сметките, на некој начин СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како страни на двоецот кој го составува естаблишментот, се упатени едни на други. Можеби сите овие шпекулации и идеи одат во правец на заедничка борба за задржување на заедничките позиции како дуопол на македонската политичка сцена" заклучува Петковски.

Х.С.

Football news:

Dembele will not play with Getafe due to discomfort in the pubic bone area
Pirlo on Ronaldo, who did not jump during the penalty: We will evaluate whether to put him in the wall. This happens
Real Madrid and Juventus may be excluded from European competitions for next season for participating in the Super League
Florentino Perez: The rumours about Ronaldo at Real Madrid are coming from his entourage. If we don't buy Mbappe this summer, the fans won't shoot themselves in the head
Gazidis may leave Milan due to the club's participation in the Super League
The president of UEFA on the possible cancellation of the match Real Madrid-Chelsea in the Champions League: The chances of this are very low. The broadcasters will demand compensation for the damage
Woodward resigned as he did not support Manchester United's participation in the Super League (BBC)