Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Апсење за поткуп во Лозово, се давале до 100 евра за глас за независен кандидат

Од: Кристијан Ландов

Упасено лице во општина Лозово кој нудел од 50 до 100 евра на гласачи, за на изборите да гласаат за независен кандидат, дознава „А1он“. Полицијата вечерва постапи откако добила оперативни сознанија за поткуп. Ова е прво апсење за вакви нелегални активности во пресрет на овие локални избори.

„Во с. Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А.(50) од с. Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари. Лицето е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.