Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

АСОМ: Премиерот манипулира, странски, а не домашни фирми ќе се офајдат од интернет игри на среќа

„За каква либерализација говори премиерот кога на незаконски конкурс, скроен за странски компании и одлука донесена тајно се бираат новите компании партнери на Владата? Премиерот кој секојдневно посетува домашни компании каде кажува каква поддршка дава Владата за нив, реши да ги дискриминира домашните приредувачи на игри на среќа и да направи оглас со кој ќе се изберат странски, многу очиглендо однапред договорени компании.

Премиерот и Владата, цели седум години колку се на Власт спротивно на законот не ги носат подзаконските акти на посточкиот закон со кој законски се либерализира пазарот како во сите европски земји и посточеките приредувачи можат да приредуваат онлајн игри на среќа. Ова не е никаква либерализација на пазарот, туку дополнителна монополизација на бизнисот од страна на државата со компании избрани на незаконски оглас.

Во однос на приходите за кои говори премиерот, тоа е уште една манипулација со јавноста. Кога Владата го предлагаше новиот закон за игри на среќа, предлагаше неколкукратно покачување на давачките, огромен процент на данок за онлајн и земско играње на игри на среќа. Сега, Владата нема проблем да организира онлајн игри на среќа по закон за кој сметаа до вчера дека има прениски давачки. Го прашуваме премиерот, како тоа ќе печали државата по закон кој велевте дека има прениски даноци? Дали сега кога вие ќе си ги бирате компаниите ќе има и друг приход ‘настрана’ па давачките не се ниски?

Овие срамни одлуки на Владата, тајни договори и срозување на домашните компании од индустријата на игри на среќа ќе бидат оспорени пред институците и ќе одиме до крај со барањето да се поништи овој незаконски повик“, се вели во реакцијата на АСОМ.