Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Без договор во американскиот Конгрес за буџетот, затворањето на владата е се поизвесно

Од: А1он

Десното крило на Републиканската партија во Претставничкиот дом на САД, во кое има тесно мнозинство, го отфрли предлог-законот за привремено финансирање на владата, кој беше поддржан од спикерот Кевин Мекарти, со што беше речиси сигурно дека владините канцеларии ќе бидат делумно затворени почнувајќи од недела, пренесува Ројтерс.

Мерката за привремено финансирање на владата за 30 дена за да им се даде на пратениците повеќе време за преговори, беше отфрлена во Долниот дом на Конгресот со 232 гласови „против“ и 198 „за“.

Предлогот ќе ги намали буџетските трошоци и ќе наметне ограничувања за имиграцијата и безбедноста на границите, републикански приоритети кои имаа мали шанси да поминат во Сенатот со мнозинство демократи.

Во Америка, нацрт-законот мора да биде усвоен од двата дома на Конгресот пред да биде потпишан од американскиот претседател.

Во меѓувреме, Сенатот расправа за посебна двопартиска мерка за привремено финансирање на владата до 17 ноември.

„Неуспех е само ако се откажете. Уште не е готово. Имаме други идеи“, им изјави МекКарти на новинарите, но не даде повеќе детали за можното решение.

Доколку Конгресот не го усвои предлог-законот за владино финансирање, од недела на полноќ, стотици илјади вработени во американската влада ќе бидат испратени на принуден одмор.

Комисијата за хартии од вредност ќе ги суспендира повеќето регулаторни активности, а националните паркови во САД ќе се затворат.

Делумното затворање на владата на 1 октомври ќе биде четврто во една деценија и ќе дојде само четири месеци откако американската федерална влада беше блиску до неплаќање на долгот од 31 трилиони долари поради спор во Конгресот.