Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Без консултација со нас, анонимус е именуван за конзул во Риека, реагира Заедницата на Македонците во Хрватска

Во отвореното протестно писмо се вели:

Како е можно сето тоа да помине во тајност без претходна консултација со Заедницата на Македонците во Република Хрватска (ЗМРХ) и Македонското културно друштво „Илинден" од Риека, како најстаро македонско друштво, кои повеќе од 32 години работат и делуваат во Република Хрватска, како етаблирана, респектабилна и високо почитувана заедница од страна на Република Хрватска, што во овој случај не е и со Р. С. Македонија.

Досегашната пракса беше поинаква па сѐ се работеше со заемен договор. Сето тоа и за сите заслуги на поединци добро го знаат досегашните амбасадори на Република Македонија и македонското Министерство за надворешни работи. Ваквиот чин го окарактеризираме како крајно навредлив и понижувачки не само за нас туку и за земјата домаќин, Градот Риека, Приморско-горанската жупанија и сите поединци кои го вградиле својот живот во развитокот на тие врски и односи.

Имено, во Риека постои плејада на личности кои имаат каде и каде поголеми заслуги во унапредувањето на заемните хрватско-македонски врски и односи, а Вие именувате потполн анонимус со никакви референтни вредности за оваа чесна должност. По некое непишано правило за Почесен конзул се бира човек од мнозинскиот народ којшто со своите вредности и ангажман битно придонел во развитокот на билатералните односи на двете земји.

Лицето Златко Делов, кое е дојдено од Канада пред неколку години, со никакво познавање на долгогодишните хрватско-македонски врски и односи кои се долги години макотрпно градени од нас и заслужни поединци од мнозинскиот народ, кои се во овој случај прескокнати, заборавени и намерно изоставени, постанува Почесен конзул / срамота.

Гледај чудо од референтни вредности кои ги изнесуваат медиумите – бил директор на Домот за здравје во Битола, па најверојатно поради доброто раководење поставен по баби и стриковци или по партиска линија, во што не сакаме да навлегуваме, поставен е за директор на Домот за култура во Битола *споиво како вода и масло. И тоа е сѐ од неговите референци.

Поради тоа и поради фактот дека лицето Златко Делов е екскомуницирано од Заедницата на Македонците во Република Хрватска (ЗМРХ) и Македонското културно друштво „ИЛИНДЕН" од Риека, уште од поодамна, тој понатаму останува за нас „Persona non grata" *непожелна личност со која не сакаме никаков контакт ни соработка.