Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Брнабиќ: Србија смета дека Тајван е дел од Кина

„Тој став нема да се менува“, кажа Брнабич на состанокот со кинеската амбасадорка во Србија Чен Бо. Кинеската амбасадорка ѝ се заблагодари за доследниот став на Србија и поддршката на Кина за тоа прашање.

Бо додаде дека Србија и понатаму може да смета на постојана поддршка на Кина на меѓународен план, но и на развој и унапредување на стратегијата во зелениот сектор, енергетиката, биотехнологијата и развојот на нови технологии.

На состанокот зборувале и за продолжување на развојот на економските и политичките односи.

Брнабиќ кажа дека трговската размена меѓу Србија и Кина во 2021 година изнесувала 5,3 милијарди американски долари, со раст на извозот на Србија од 15,7 отсто. Наведено е дека за пет месеци од оваа година размената била 2,62 милијарди долари, што е за речиси 40 отсто повеќе од лани. Раст е забележан и во извозот.

Премиерката на Србија кажа дека Кина во 2021 била на втората позиција на најголемите надворешнотрговски партнери на Србија. „Од петте најголеми српски извозници во минатата година, три компании се во сопственост на кинески инвеститори кои оствариле вкупен извоз од 1,9 милијарди евра“, кажа таа.

Брнабиќ истакна дека е задоволна од обновувањето на директната авионска линија Белград-Пекинг.