Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Бруталноста на американската полиција: шутираат момче во глава додека е врзан со лисици (ВИДЕО)

Еден од актерите на снимката полицаецот Ерик Хаксли веќе неколку пати е обвинуван за прекумерна употреба на сила, а во една прилика бил и кривично гонет, пишува Си-ен-ен.

Вршителот на должноста американски обвинител за јужниот округ Индијана Џон Чилдрес изјави во средата дека ќе ги преземе соодветните понатамошни чекори доколку истрагата открие кривично дело кршење на федералниот кривичен статут.

Хаксли во моментов е суспендиран и не прима плата. Тој се брани со тоа дека случајно го шутнал Вон во лице, бидејќи сакал да ја стави ногата на рамото на Вон.

На снимката се гледа како полицаецот му кажува на Вон да се наведне, потоа го соборува на земја, го шутира во глава и му кажува дека е готов. На Вон по инцидентот никој не му пружил медицинска помош.