Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Брз и вкусен оброк: Ова е тајната на најдобриот омлет досега

Кога брзаме или едноставно немаме време да подготвиме оброк,омлетот е одлично решение,а на постоечкиот рецепт можете да додадете нешто по желба,како зеленчук,сирење,шунка,туна.

Ова едноставно и вкусно јадење е готово за само неколку минути,што го прави брз оброк кој може да се послужи како брз ручек, ужина или вечера.Иако сите мислиме дека знаеме да го направиме, постои трик како да го направите највкусниот омлет досега.

Таквата текстура се постигнува со многу нежно мешање на цврсто изматените белки,кои нежно се соединуваат со смесата со жолчки пред да се пече во тавче – овој вид омлет е познат и како суфле од омлет.

Состојки:

5 јајца

маслиново масло

сол, бибер

Подготовка:

Започнете со одвојување на жолчките од белките и ставање во различни чинии. Добро изматете ги жолчките со сол и бибер. Потоа посебно изматете ги цврстите белки.Потоа внимателно додајте ги белките во жолчките,со многу нежни движења, внимавајќи да не го изгуби волуменот.На оган ставете тава со малку маслиново масло.Истурете ја смесата, почекајте да се стегне и преклопете ја да биде сунѓереста и воздушна внатре.

И послужете го омлетот додека е топол. Добар апетит!