Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Денеска соончево време со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во наредните денови, следува период на стабилно време со умерена облачност. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.