Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски и координаторот на пратеничката група на истата партија ја започнаа кампањата “Обновата пред вашиот дом”.

Вечерва тие ги споделија своите впечатоци на социјалната мрежа Фејсбук:

Денеска тимови од раководството на ВМРО-ДПМНЕ почнаа со кампањата ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”. Ќе го поминеме секое село и секој град, за да ги погледнеме луѓето во очи, да разговараме, да ги слушнеме нивните предлози за обновата која ќе ја правиме после 12ти Април. Но, и да ги слушнеме нивните маки и проблеми, да го видиме нашето заедничко потиштено секојдневие, заеднички да најдеме начин да помогнеме во решавање на личните проблеми, но и проблемите со кои се соочуваме како држава, а кои ги продуцираше досегашната власт.
Денеска бевме низ Малешевијата. Да, таа која ние си ја викаме “мала Швајцарија”. А Јован од село Будинарци денеска ќе рече, “Малешевијата можеме да ја прекрстиме во Пустошијата”.

Боли оваа вистина.
Сликата во селата Ратево, Русиново, Будинарци, Митрашинци, Смојмирово, но и во самото Берово, е тажна. Живеачката – уште потажна. Жителите се иселуваат масовно, што поради нискиот стандард, што поради нефункционалната држава. Не гледаат перспектива и надеж со оваа власт. Велат, “ако не го тргнеме ова зло на 12ти Април, сите ќе се иселиме!”.

Во Митрашинци, во црквата Свети пророк Илија, не пречека отец Душан. Скромен, добродушен и мудар. Како што му прилега на еден поп. Црквата – преубава. Со стотина столови за слушање литургија и за молитва. Но, отецот вели, “Џабе е што е голема црквата и што има толку место. Утре ќе дојдат само двајца верници, оти ни е празно селото. Никој не остана. Само погреби веќе имаме. Крштевка сме немале повеќе од една година”. И, ова е реалноста насекаде низ Македонија.

Малешевци ги мачи тоа што сите заедно не мачи: промената на името, разграбувањето на државата, пустошат кој се случува, криминалот, безредието, беззаконието, се поголемата сиромаштија и немањето работа и перспектива. Но, исто така ги мачи и тоа што компирот кој го произведуваат, никој не го купува, а државата нема слух за овој проблем. За сливите, не добиле субвенции. А ниту за продадено јагне. Ги боли тоа што чесниот труд, маката, не се вреднува. Прашуваат, “да садиме и ние марихуана, ако не?”

Апатијата, криминалот и безредието мора да завршат. Пустошењето и иселувањето, мора да сопрат. Надежта и достоинството мора да се вратат.
А, кој друг ако не ние, кои ја љубиме Македонија? Кој друг ако не ние, кои гордо се покажуваме дека сме патриоти? Тука сме. Имаме идеја и визија за обнова на Македонија, да ја изградиме повторно, иако е пеплосана. Македонија мора да биде просперитетна, Македонија мора да биде напредна. Македонија мора да биде држава со Македонскиот народ ќе се гордее и поистоветува! Промената на власта е извесна, веќе никој не ја става под прашање. Поддршката од народот е очигледна. Ќе ја добиеме на изборите. И ќе ја оправдаме таа доверба.
За #ОбноваНаМакедонија!
#НикогашСеверна
#ДаЖивееМакедонија!