Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ДО НЕДЕЛА: Се најавува невреме со поројни врнежи, еве колку дожд се очекува да наврне

Од денес попладне до недела, под влијание на циклонска активност, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Во овој период на места ќе наврнат и над 40 л/м2. Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Се препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.