Macedonia

Ферари Ф50 берлинета прототипо – најпрвиот и најзначаен Ф50 (ФОТО-ВИДЕО)

Всушност, бил возен и од Дарио Бенуци, Ники Лауда, Герхард Бергер и Жан Алези. Тој е воедно и првиот Ф50 кој се појавил на автомобилските саеми, како Женева мотор шоу во 1995, Ферари дејс на Спа Франкоршам, „Тути ла ферраи ин писта“ во Мугело, и токискиот саем на автомобили истата година.

Покрај тоа, Ф50 берлинета прототипо послужил како основа за моделите во размер на Бураго, Маисто, Тамија, Ревел и други произведувачи. Тој е и автомобилот од сите промотивни фотографии на Ферари за Ф50.

Откако го завршил тестирањето и промоциските задолженија, автомобилот бил реставриран од фабриката и му бил доставен на купувач во Белгија. Тој останал во неговата колекција до 2006 кога му бил продаден на колекционер на Ферару во Калифорнија во 2007. Од тогаш бил во сопственост кај тројца други вљубеници во Ферари, а има поминато само 2.253 километри по ремонтот.

Моторот по хаубата е култниот 4,7-литарски атмосферски V12, дериват на Ф1 верзијата, со 510 коњски сили и вртежен момент од 467 њутнметри. Со само 2.200 поминати километри, би требало да работи како кога автомобилот заминал од фабриката.