Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Фијала е нов премиер на Чешка, Бабиш е политичко минато

Лидерот на чешкиот десен центар Фијала е именуван денес за нов премиер, откако на октомвриските парламентарни избори го исфрлија милијардерот Андреј Бабиш, соопшти чешкото претседателство.

Именувањето доаѓа откако претседателот Милош Земан вчера ја напушти воената болница во која мина неколку недели.

Шефот на државата беше отпуштен од болница во четврток, но беше повторно хоспитализиран поради позитивен тест на коронавирусот.

За првпат беше примен на интензивна нега ден по парламентарните избори и остана повеќе од три недели пред да биде префрлен во одделот за опоравување.

Тој на 11 ноември ја прифати формалната оставка на владата на популистичкиот премиер Андреј Бабиш, по изборниот пораз кој Бабиш тешко го прифати.