Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Фон дер Лајен: Проширувањето на ЕУ е во нејзин интерес, ова треба да им се објасни на граѓаните

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Сплит изјави дека е клучно да им се објасни на европските граѓани дека проширувањето на Европската унија е во нејзин интерес, особено имајќи го предвид поопасното и понепредвидливото геополитичко опкружување.

-Руската војна против Украина докажа дека постои силна потреба Европа да се прилагоди на поопасна и понепредвидлива геополитичка средина, рече таа и посочи дека „дел од таа адаптација е и проширувањето на Унијата“.

На студиските денови на Европската народна партија (ЕПП) во Сплит, фон дер Лајен истакна дека е многу важно на земјите-членки и на граѓаните да им се објасни дека, како што наведе, „во новата геостратешка средина, проширувањето на предметот на заслуги нè зајакнува и е во наша корист“, пренесоа хрватските медиуми.

Фон дер Лајен ова го изјави на прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателот на ЕПП Манфред Вебер. Таа нагласи дека Унијата ги засилила напорите кон одбранбена унија и ги зајакнала врските со сојузниците на НАТО и другите доверливи партнери.

Според претседателката на ЕК, од клучно значење е ЕУ да работи на развој на чисти технологии, бидејќи тие ја зајакнуваат нејзината независност и конкурентност и отвораат нови работни места.