Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ФОТО+ВИДЕО) Груевски: Ги оставам да лудуваат, многу се воздржувам за глупостите што ги прават да не возвратам силно како што знам

ФОТО: Никола Груевски, поранешен премиер (Принтскрин „Тешки муабети“, Инфомакс)

„Се трудам да се воздржам за глупостите што поединци ги прават, да не возвратам силно, како што знам, за да не им направам голем проблем. Ги оставам да лудуваат некое време да им помине“. Вака поранешниот премиер Никола Груевски ги коментира обвинувањата на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, кои пак тврдат дека поседуваат УСБ на кое ги имало измените на КЗ, кое Груевски го доставил до Ахмети, Џафери и трета страна.

„Ако им е битно да кажат дека еве се скарале со Груевски, го победиле, не знам, сите застанале на нивна страна – океј, нема проблем. Застанале. Мене ми се јавувале куп луѓе, да застанат, нели, исто како овие што вадеа луѓе да застанат на нивна...Јас реков, не, не ми е идејата да влегувам сега во една таква операција за рушење на ВМРО-ДПМНЕ. Ако почнеме масовно, јас и моите приврзаници што се незадоволни од ова раководство да го правиме тоа, тоа води во една друга насока. Меѓутоа, овие луѓе како да сакаат да се случи тоа. Упорно, секојдневно напаѓаат. Не знам за што се работи, не сакам да употребувам некои медицински изрази“, изјави Груевски во вчерашното гостување преку видео врска во „Тешки муабети“ на Инфомакс.

Во меѓувреме, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во емисијта на „360 степени“, емитувана на МРТВ, кажа дека имал јасна трага од каде е УСБ-то кое го поседува.

ФОТО: Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ (Принтскрин ФБ А.Н.)

„Втора работа се измените на КЗ. Ние спомнавме дека имамаме докази, еве има и уесбе на кое ги има измените и ако ги прочитате измените на КЗ и истите се доставувани од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна. И ако ги прочитате измените за членовите 353 и 394, злоупотреба на службена должност и злостотничко здружување тоа се предлози за измени кои се исти како оние кои стигнаа во Собранието. Имаме јасна трага од каде е УСБ-то. Самото тоа што текстот од усебето одговара на поминатиот текст во Собранието дава индиции“, кажа Николоски.

Николоски потсети дека на комисиската расправа за КЗ кажал дека од овој закон има корист власта и поранешни структури од претходната власт. 

Инаку, вчерашното интервју на Груевски е прво, по неговото бегство од 2018 година.