Macedonia

Глас за Македонија: После ваква мега-афера цела Влада треба да даде оставка

„Ваквото СЈО на чие чело до вчера беше Катица Јанева, за која постојат сомневања дека е директен учесник во рекетот на „бизнисмени“, е сосема компромитирано и како такво не смее повеќе да фрла прашина дека работи на исправање на неправдата. Тоа обвинителство се зафаќаше со неважни предмети, делеше притвори од ракав, и со леснотија  ги укинуваше на одбрани луѓе. Впрочем, тоа е истото обвинителство кое молчеше кога пред очите им се случуваше непотизам во самата институција. Се вработуваа внуци, пријатели, синови и ќерки на „наши луѓе“. Предметите и материјалите мораат да бидат веднаш предадени во редовното ЈО.

Предупредуваме, сега одеднаш и преку ноќ,  уценетите „бизнисмени“ да не се прикажуваат како жртви. Да, тие биле жртви на рекет, но постапките против нивните незаконски активности мораат да продолжат. Украдените пари, ако тоа се докаже, мораат да завршат во буџетот. Глас за Македонија бара итно воспоставување на правна држава, а сите инволвирани во овој случај, неселективно  да завршат со судски пресуди. За ваква мега афера, најсоодветно е целата Влада да даде оставка и да се распишат итно предвремени парламентарни избори. За ова што сега им се случува, не постојат олеснителни околности. Точно поради овој висок тип на корупција, ЕУ нема да ни додели датум за преговори. Од Европска Македонија, остана само Искрадена Македонија“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Football news:

Zinedine Zidane: if the referee gives a penalty, it means it is a penalty
Lizard on the criticism of VAR: In Real life, they don't pay attention to conversations outside the team
Real need to score 5 points in 3 rounds to win La Liga
Gasperini about the 1/4 final of the Champions League: the Match with Juventus is an imitation of the games with PSG
Courtois played 18 dry games in the La Liga season. Real's record is one game away
Real Madrid won the 8th victory in a row and does not miss 5 matches
There was hardly any contact, and even outside the penalty area. Ex-member of Barca's Board of Directors about real's penalty