Нејмар и Лео Меси делуваат расположено на стартот од сезоната, Бразилецот забележа гол и три асистенции против Клермон, Лео Меси два пати ја тресеше мрежата а ПСЖ стигна до убедлива победа од 0-5.
Нејмар го отвори резултатот во 9. минута со прецизен шут од врвот на шеснаесетникот, Хакими реализираше една контра во 26. минута за 0-2, за Маркињос во 38. минута со глава да погоди за 0-3.
На десет минути пред крајот, Нејмар несебично го проигра Меси за 0-4, а Аргентинецот потоа во 86. минута стави точка на натпреварот со атрактивен гол. Напаѓачот ја прими топката на град и потоа во паѓање ја префрли преку себе за да го матира голманот и да ги постави конечните 0-5.