Macedonia

Граѓаните ќе добијат 5,59 милиони евра поврат на ДДВ за изминатите три месеци

Од: А1он

За јануари, феврури и март годинава на граѓаните кои скенирале фискални сметки  во текот на следниот месец ќе им бидат исплатени 343.803.953 денари или 5,59 милиони евра. Во овој период се скенирани 49.946.278 фискални сметки, остварен е промет од 21.957.355.689 денари, со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари, соопшти денеска Управата за јавни приходи.

Заклучно со вчера УЈП го заокружи  третото тримесечје од проектот Мој ДДВ.  Споредбено со првите два квартала зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15 проценти ДДВ кај граѓаните.

За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186.215.194 денари  односно 3.028.000 евра, а за второто тримесечје 233.176.601 денар или 3.791.000 евра.

Исплатата за првиот квартал годинава ќе стартува во мај. Управата за јавни приходи се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите граѓани кои имале грешки во податоците, а во меѓувреме ги ажурирале.

Football news:

Napoli would prefer to sign Bruges midfielder Bonaventure, not the striker of Lille Osimana
Agent Hakimi: Ashraf's Goal is to play for real
PSG goalkeeper Bulka crashed a Lamborghini in an accident in Poland. Two people were injured
Nice joined the fight for defender Olympiakos Tsimikas. Loco is Interested in Him
Lacazette has rejected the offer of Inter. He can be traded to Atletico for Lemar
Former CSKA chief scout: 99% of a scout's work is wasted. This is a specific feature
Victor Valdes led the club from the Spanish 4th League