Macedonia

Грчките медиуми: „Скопје: Заев го доби мандатот за да формира влада“

 

„Северна Македонија: Мандат за Зоран Заев за формирање влада“; „Скопје: Заев го доби мандатот за да формира влада“; „Зоран Заев доби мандат за формирање влада“; „Северна Македонија: Кај Заев мандатот за формирање влада“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА за доделениот мандат на Зоран Заев за формирање влада, јави дописничката на МИА од Атина

АНА-МПА во текстот пренесува дека претседателот Стево Пендаровски му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, „партијата што беше прва на изборите на 15 јули“.

-Зоран Заев изрази уверување дека ќе формира влада, за која, како што рече, ќе биде стабилна и современа и во целост ќе ги почитува трите клучни договори за земјата: Договорот од Преспа, Договорот на Северна Македонија со Бугарија добрососедство и соработка и Охридскиот мировен договор, пишува АНА-МПА.

Грчката новинска агенција објаснува дека доколку во следните 20 дена, Зоран Заев не успее да формира влада, тогаш претседателот на државата, ќе му го даде мандатот на лидерот на партијата што беше втора на изборите, односно на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПНЕ.

Во текстот, АНА-МПА додава дека Зоран Заев во изминатиот период имаше две средби со Али Ахмети „за веројатноста да се формира влада, но без резултат“ и потсетува на распоредот на силите по парламентарите избори минатиот месец.

Football news:

Maccabi entered the Champions League without 11 players due to covid. UEFA allows you to play if there are 13 players from the application
Ole Gunnar Solskjaer: De Gea saved us for years, Henderson did the same today. Lingard played well
The semed said goodbye to Barcelona: Thank you for the opportunity to realize the dream. Eternally grateful
Juve have leased Morata from Atletico for 10 million euros with the right to buy out for 45 million
Barcelona and Atletico have agreed a move for Suarez (Fabrizio Romano)
At the 1950 world Cup, Amateurs from the United States beat England. The coach of the Americans compared their players to sheep, and the author of the winning goal went missing
Dan Henderson made his debut for Manchester United at the age of 23. He made 141 appearances on loan