Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Икарди не е Суарез, Аргентинецот се избрука во обидот да го копира фамозниот пенал на Меси (ВИДЕО)

Во далечната 1982 година, Јохан Кројф изведе пенал финта која пред неколку години стана фамозна откако беше повторена од Лео Меси и Луис Суарез.

Оваа атракција потоа многумина ја копираа, имаше доста неуспешни обиди, а такво нешто се случи и вечерва на дуелот помеѓу Истанбулспор и Галатасарај.

Гостите добија најстрога казна, а Актуркоглу наместо да шутира, само бавно ја турна топката во страна. Тој успеа да ги измами сите, но финтата не заврши славно откако Маурo Икарди прописно си избрука и промаши цел гол од 10-11 метри.

Аргентинецот во неверување се фати за глава, истото го сторија и неговите соиграчи.

❌ Galatasaray, penaltı atışından yararlanamadı! #TrendyolSüperLig #İSTvGS pic.twitter.com/qBNeuRPieX

— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) September 26, 2023