Лилјана Петровиќ, некогашната менаџерка на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески, денес живее сосема друг живот од пред повеќе од 10 години.

Таа ретко се појавува во медиумите, но доколку се работи за нејзиниот бизнис тоа го прави со задоволство.

Имено, денес таа мирот го најде во својот роден крај, на Сува Планина кај Бела Паланка, и таму ја оствари својата желба, да направи плантажа на лаванда и ружи растенија кои е многу ценети во индустријата за лекови, храна и козметика.

Нејзината органска плантажа на 600.000 растенија вистинска лаванда се простира на повеќе од 27 хектари, со што е една од трите најголеми плантажи во Европа.



Таа во една своја прилика открила и како изгледа нејзиниот живот по смртта на Тоше.

-Последните 10 години се обидувам да научам достоинствено да се носам со тагата, да бидам подобар човек отколку што сум. Многу работам и се трудам моите дела да зборуваат за мене – вели Лилјана.

Со прераната смрт на Тоше никој не може да се помири. Медиумскиот линч беше голем и се бараше виновник за неговото прерано заминување. Петровиќ открива како го преживувала тој период.

-Работејќи со Тоше сите тие години, научив да се носам со лоши луѓе, со невистини кои ни тогаш не не штедеа, па не ме изненадува ни што се случуваше по неговото заминување. Разбирам дека тоа е огромна загуба, голема болка, ама не разбирам притоа да не ја почитуваат и туѓата болка. Се чувствував како давеник во море кој сите го туркаат надолу само за тие да дојдат до здив, за ним да им биде полесно. Тагата и болката што јас ги доживеав можат да се споредат само со тагата на неговото семејство, бидејќи само нивната болка е поголема од мојата – открила Лилјана.

Таа вели дека нема потреба да оди во Крушево.

„Јас Тоше го носам во срцето. Тие сеќавања и чувства се само мои и немам потреба да ги делам, како што немам потреба ни да бидам видена во Крушево, ни каде било на друго место што би дало повод за пишување шпекулации“.