Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Изгледаше брилијантно: За едно парче облека Александра пред концертот платила 5.000 евра (ФОТО)

Младата ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа направи спектакл за паметење, а нејзиниот аутфит е вистински доказ дека не штедела и се грижела за секоја ситница.

Александра ја остави публиката без зборови во белиот костум, кој одлично и прилегаше, а за ова моќно издание одвоила дури 4.900 евра.

Покрај тоа, Александра носеше и бели долги панталони од истиот бренд, кои одлично и прилегаат, а за нив потрошила 650 евра.

Што се однесува до штиклите, пејачката се погрижи и за удобноста, носеше сандали на брендот „Џузепе Заноти“ кои чинат дури 760 евра .

Пријовиќ синоќа одржа концерт за кој долго ќе се зборува , а нема сомнеж дека истата сцена ќе се повтори вечерва.