Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Канадските родители не планираат да замолчат

Илјадници Канаѓани минатата недела излегоа на улиците низ цела држава за да им покажат на сонраодниците и светот дека нема да ја прифатат индоктринацијата на нивните деца преку идеологијата на родовите идентитети.

“Никогаш не очекував дека ова ќе се случи. Со години, Канаѓаните се бомбардирани со бескрајна пропаганда во која се инсистира дека „трансжените се жени“. Им беше повторувано дека секој што се спротивставува на екстремните и бесмислени идеи за родовите во училиштата мора да е хејтер со предрасуди, фанатик, па дури и екстремно десничарски екстремист. Излегува дека Канаѓаните не ја купуваат таа приказна“, пишува Меган Марфи, основачка на Феминистичка струја.

Очекувано, мејнстрим медиумите го минимизираа бројот на родители и загрижени граѓани кои протестираа и ги отпишаа со класичните етикети. Слично како што камионџиите од Конвојот за слобода беа отфрлани како маргинално малцинство.

Имаше и контрапротести од транс активисти. 10:1 во корист на родителите, што се однесува до бројноста.

Родителите протестираа зашто не сакаат нивните деца да се прашаат за нивните „заменки“, да им се кажува дека можеби се родени во погрешно тело или дека нивните семејства се пристрасни или насилни ако мислат дека сè е во ред со нивните тела. 

Такви работи се учат во канадските училници како дел од таканаречената програма SOGI (Sexual Orientation and Gender Identity). Децата од основно учат дека „кога се раѓаат бебиња, лекарите и родителите обично одлучуваат дали бебето е момче или девојче“ и се охрабруваат да „бараат индиции“ дали е тоа така и кај нив.

Ваквите практики се усвоени во јавните училишта низ Канада, со нула придонес или консултација со родителите или гласачите. Многумина се чувствуваа безгласни за овие прашања. Контактирањето со пратениците и медиумите се покажа како залудно па Маршот му понуди на тивкото мнозинство шанса да стане и да проговори.

„Иако сум израдувана од фактот што Канаѓаните конечно зборуваат, сè уште сум згрозена од тоа како канадската влада, медиуми, образовни институции и синдикати продолжуваат да ги клеветат и омаловажуваат загрижените родители и граѓани. Нивната пропаганда практично ни става мети на грбот. Нашите животи не треба да бидат доведени во опасност само затоа што велиме дека мажите не се жени и дека ниту едно дете не се раѓа во погрешно тело“, пишува Марфи која се наоѓа во егзил во Мексико.

Во меѓувреме, канадскиот парламент и нивниот гостин Зеленски, со стоечки овации пречекаа наци ветеран од Втората Светска војна, 98 годишниот Јарослав Хунка.

Хунка беше славен како херој на украинската независност, иако во Втората светска војна бил дел од дивизијата Галиција на озлогласената СС - Вафен, военото крло на есесовците.

Откако сфати колку јас утнале работата со Хунка, Џастин Трудо се извини за срамниот настан во канадскиот парламент ама сепак за сè ја обвини руската пропаганда.