Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Хорхе Мартин со рекорд на „Мотеги“ и триумф на спринтот

Хорхе Мартин е и повеќе од сериозен кандидат за титулата во Мото ГП шампионатот сезонава. Мотоциклистот на Прамак Дукати имаше фантастична сабота на патеката „Мотеги“ во Јапонија. Во квалификациите постави нов рекорд, а потоа славеше и во спринт трката.

Мартин во квалификациите извозе најбрз круг со време од 1 минута, 43 секунди и 198 илјадитинки за да постави нов рекорд на патеката „Мотеги“. За Шпанецот тоа беше втора пол-позиција на последните три трки.

Во првиот стартен ред друштво ќе му прават шампионот и лидерот во генералниот пласман Франческо Бањаја на фабричкиот Дукати и Џек Милер од КТМ.

Четврти ќе стартува Марко Бецеки, кој имаше излетување за време на квалификациите, но успеа да се врати и да постави одлично време. Потоа следуваат Бред Биндер, Фабио ди Џанантонио, Марк Маркез, Маверик Вињалес, Алеиш Еспаргаро и Јоан Зарко.

Во спринт трката, доминација повторно на Мартин, кој дојде до третата победа по ред. Зад него винишираше Биндер, додека на подиумот имаше место и за Бањаја. Џек Милер беше четврти, а зад него финишираа Јоан Зарко, Марко Бецеки и Марк Маркез.

Во генералниот поредок, Бањаја останува на врвот со 299 бодови, но Мартин е сега е сериозно близу со само осум бодови помалку. Бецеки е трет со 252 бода.

Утрешната трка за Големата награда на Јапонија утре стартува во 8 часот наутро.