Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Книгата „Вештица“ од Венко Андоновски на Европската ноќ на литературата во Софија

Во Софија вечер ќе се одржи Европската ноќ на литературата, организирана од амбасадите и странските културни центри во Бугарија, во соработка со Европската комисија и Софија.

Од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија информираат дека на настанот кој ќе се одвива во централниот дел во Софија ќе бидат претставени најново преведени книги на автори од различни европски земји, а секој културен центар или амбасада ќе промовира своја книга од избран автор.

За оваа пригода КИЦ на РСМ во Софија, со помошта на актерот Игор Дамјанов, ќе ја претстави книгата „Вештица“ од Венко Андоновски во Централното фоаје на Националниот студентски дом во Софија.

-Настанот има за цел да ја популаризира добрата европска литература преку литературни читања на различни и неоддалечени места, во таканаречените „читателски гнезда“, во кои познати личности читаат еден ист дел од книга на секои 30 минути – од 18:00 до 21:30 часот. Публиката има можност да ги менува местата каде се читаат делови од различна литература и да се запознае со современото творештво на различни европски автори, се додава во соопштението од КИЦ на РСМ во Софија.