Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кога е време за нови бришачи?

Сончевата светлина и атмосферските услови го менуваат материјалот толку многу што со текот на времето станува потежок и ги губи своите својства.

Есенскиот дожд и првото навестување за зимата уште еднаш ја оживеа приказната за четкичките на бришачите.

Германскиот авто клуб (ADAC) со истражување дојде до сознанија дека, без оглед на интензитетот на употреба на бришачите, четкичките се стигнати за менување по само 24 месеци, односно 2 години.

Сончевата светлина и атмосферските услови го менуваат материјалот толку многу што станува потежок и ги губи потребните својства. Односно, четкичките повеќе нема да го чистат стаклото како и кога биле нови.

Се препорачува да ги промените навреме, бидејќи тие се важен дел од опремата на вашиот автомобил кога станува збор за безбедноста при возењето. Особено ако се малку постари и ако забележите дека повеќе не ја отстрануваат водата од шофершајбната како порано.

Колку често ВИЕ ги менувате бришачите на вашиот автомобил?